ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Февруари
ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ-ТРЕТ ТЕРМИН
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ-ТРЕТ ТЕРМИН

(БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА ХАРИ МАТА ХАРИ)

 

(20.02.2025 – 23.02.2025)

 

 

Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се` поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Токму таков е Херцег Нови, малиот рај на Црногорското приморје Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното...

 

 

Прв ден: 20.02.2025 (четврток)

 

20:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

 

 

Втор ден: 21.02.2025 (петок)

 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира целата  ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални прошетки во градот и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 22.02.2025 (сабота)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, прошетки покрај долгото шеталиште кое го поврзува Игало со Херцег Нови, можност за уживање покрај море или за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот во хотелот. Во вечерните часови присуствуваме на концертот на отворено на регионалната ѕвезда Хари Мата Хари како дел од настаните по повод официјалното затварање на Фестивалот на мимозите.  Ноќевање.

 

 

Четврти ден23.02.2025 (недела)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и за уживање во Wellness и Spa центарот во хотелот. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотелот Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало(сместување во стандардни соби со поглед во двор)

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:


- Доплата за еднокреветна соба – 35 евра од вечер

- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

 

Напомена: Празникот на мимозите е во организација на Туристичката организација на градот Херцег Нови. Туристичката агенција не може да има одговорност доколку организаторот направи промена во програмата или во имињата на изведувачите на најавените музички програми.

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)