ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА - 2018
KAtegorija
ДОЧЕК НА ПРАВОСЛАВНА НОВА 2018 ГОДИНА ВО НИШ
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА ПРАВОСЛАВНА НОВА 2018 ГОДИНА ВО НИШ

(13.01.2018 – 14.01.2018)

(СО ВКЛУЧЕНА ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРА)

 

Прв ден: 13.01.2018 (сабота)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 03.30 часот и од Скопје во 05.30 часот
(пред туристичките агенциикон Србија со попатни застанувања и одмори. Во претпладневните часови пристигнување во Ниш, еден од најстарите градови на Балканот, трет по големина во Србија после Белград и Нови Сад. Разгледување на градот со локален туристички водич: Нишката тврдина која се наоѓа на брегот на реката Нишава во центарот на градот, Спомен обележјето на царот Константин поставено на мостот на реката на кое е претставен знакот под кој тој ќе победи на Битката на Милвијскиот мост во Рим, Споменикот на Ослободителите на градот во самиот центар на Ниш на Плоштадот Крал Милан, Казанџиското сокаче во старата Нишка чаршија каде се наоѓа бронзената скулптура на писателот Стеван Сремац и неговиот јунак Калчо од книгата „Ивкова Слава“...Сместување во хотел New City Hotel  4**** (www.newcityhotelnis.com), лоциран во строгиот центар на Ниш. Одмор од патувањето. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот... Вечерта организиран дочек
на Стара Нова Година во ресторанот на хотелот со свечена вечера, неограничен пијалок и богата музичка програмаНоќевање.

 

Втор ден: 14.01.2018 (недела)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 69евра (4.270 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со автобус на наведената релација

- Организиран разглед на Ниш со локален туристички водич

- Едно ноќевање со појадок во хотел New City Hotel  4****

- Дочек на Православна Нова Година со вклучена свечена вечера со пакет неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и музика

- Организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Туристичка такса- 1.5 евро по лице од ден ( се плаќа на рецепција во хотелот)

- Деца до 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот

- Патничко осигурување

- Доплата за еднокреветна соба- 15 евра

- Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра по лице

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Информации, резервации и уплата:

ТА „Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс:043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „АтлантикТурс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)