ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
НОВА ГОДИНА
KAtegorija
ДОЧЕК НА НОВА 2019 ГОДИНА-ЛУТРАКИ
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА НОВА 2019 ГОДИНА-ЛУТРАКИ

(СОЛУН - ВЕРИА)

 

(29.12.2018 – 01.01.2019)

 

(СО ВКЛУЧЕНИ ДВЕ НОВОГОДИШНИ ВЕЧЕРИ)

 

 

Прв ден29.12.2018 (сабота)

 

04.00 часот. Заминување на групата  од Скопје и во 05.30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции  „Атлантик Турс“)  кон  Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во 14.00 часот  заминување на групата кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки  во попладневните часови. Сместување во хотел „Paradosiako“ 3*** (www.hotelparadosiako.com), хотел „Palladium“ 3***( www.palladiumhotel.gr), иво луксузната вила „Sirius“( вилата „Sirius“ се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Paradosiako“ и гостите кои ќе бидат сместени овде ќе користат појадок и новогодишни вечери во ресторанот на хотелот). Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 30.12.2018 (недела)

 

Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност на отворено, под заснеженото небо да се релаксирате во минералната вода со температура од  37 степени . Можност за  шопинг на пазарот во бањата кој изобилува со домашно подготвени специјалитети од овој крај.  Во попладневните часови враќање во Лутраки. Вечерта, организирана предновогодишна забава во ресторанот на хотелот  со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање.

 

 

Трет ден31.01.2018 (понеделник)

 

Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон градот Вериа (факултативно). Во минатото градот бил втор по значење после Пела. Тука за време на римското владеење проповедал апостол Павле, а градот изобилува со византиски цркви, па токму затоа и го нарекуваат Балкански Ерусалим. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг.Во попладневните часови враќање во Лутраки. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2019 година во ресторанот на хотелот „Paradosiako“ со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање.

 

 

Четврти  ден: 01.01.2019 (вторник)

 

Појадок. Околу пладне заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.11.2018........ 149 евра (9.240 денари) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

Превоз со туристички автобус

Три ноќевања со појадок  во хотелите „Paradosiako“ 3*, „Palladium“ 3*  и во луксузната вила „Sirius“

Предновогодишна и новогодишна празнична вечера во  хотелот  „Paradosiako“  со неограничен пијалок

Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

Користење на базените  и бањите со топла термална вода

Посета на Вериа – 10 евра

Патничко осигурување

Туристичка такса...0.75 евра по лице на ден

Патничко осигурување

 

Услови за деца: До 3 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица),  од 3-12 години плаќаат 50 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

 

Напомена:

 

- Задолжителна доплата за сместување во соби со  џакузи-20 евра за соба од ден (вила „Sirius“)

 

- Задолжителна доплата за сместување во соби со камин – 15 евра за соба од ден (хотел „Paradosiako“)

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)