ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова Година 2018
KAtegorija
Дочек на Нова 2018 Година - Златибор
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА НОВА 201ГОДИНА

З Л А Т И Б О Р

(Сирогојно, Дрвенград)

 

(29.12.2017 – 01.01.2018)

 

Прв ден:29.12.2017 (петок)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции "Атлантик Турс") кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 30.12.2017 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs) во двокреветни соби. Слободно време за индивидуални активности и користење на базенот и релакс центарот во хотелот (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум, фитнес сала и теретана). Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Трет ден:31.01.2017 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување (факултативно) кон Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“. Селото има галерија на слики, библиотека, кино, слаткарница со домашни колачи и природни сокови кои носат имиња на познати личности. Враќање во Златибор во пладневните часови. Слободно време за индивидуално разгледување на убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници. Ноќевање.

 

Четврти ден:01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (7.990 денари)

За уплата до 01.11.2017........ 119евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор

- Посета на Сирогојно со локален туристички водич

- Користење на базенот во хотелот

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Дрвенград со локален туристички водич – 5 евра

- Влезница во музејот во Сирогојно.....150 динари

- Влезница во Дрвенград....250 динари

- Користењето на релакс центарот во хотелот

- Туристичка такса...1.10 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)

- Патничко осигурување

- Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица), од 2-12 години плаќаат 70 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 15 евра

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)