ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова Година 2018
KAtegorija
Дочек на Нова 2018 Година - Лутраки, Грција
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА НОВА 2018 ГОДИНА

СОЛУН-ЛУТРАКИ-ВОДЕН

(30.12.2017 – 01.01.2018)

 

(СО ВКЛУЧЕНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА)

 

Прв ден: 30.12.2017 (сабота)

04.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 05.30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции „Атлантик Турс“) кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во изобилството продавници. Во 14.00 часот заминување на групата кон Лутраки.Пристигнување во Лутраки во попладневните часови. Сместување во хотел „Paradosiako3***(www.hotelparadosiako.com), во хотел „Palladium“ 3***( www.palladiumhotel.gr), и во луксузната вила „Sirius“( вилата „Sirius“ се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Paradosiako“ и гостите кои ќе бидат сместени овде ќе користат појадок и новогодишна вечера во ресторанот на хотелот). Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите. Ноќевање.

 

Втор ден: 31.12.2017 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност на отворено, под заснеженото небо да се релаксирате во минералната вода со температура од 37 степени . Можност за шопинг на пазарот во бањата кој изобилува со домашно подготвени специјалитети од овој крај. Во попладневните часови враќање во Лутраки. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година во ресторанот на хотелот „Paradosiako“ со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање

 

Трет ден: 01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Организирано заминување на групата кон Воден. По пристигнувањето, разгледување на водопадите и слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (7.990 денари)

За уплата до 01.11.2017........ 119евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотелите „Paradosiako3*, „Palladium“ 3* и во луксузната вила „Sirius

- Дочек на Новата Година во хотелот Paradosiako со вклучена празнична вечера и неограничен пијалок

- Сите излети вклучени во програмата

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Користење на базените и бањите со топла термална вода

- Патничко осигурување

- Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица), деца од 2-12 години плаќаат 70 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет)

 

 

Напомена: Задолжителна доплата за сместување во соби со џакузи-20 евра за соба од ден (вила „Sirius“)

Задолжителна доплата за сместување во соби со камин – 15 евра за соба од ден (хотел „Paradosiako“)

Во случај на сопствен превоз, цената на аранжманот се намалува за 10 евра по лице     

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)