ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова Година 2018
KAtegorija
Дочек на Нова 2018 Година: Будва - Дубровник - Котор
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА НОВА 2018 ГОДИНА

БУДВА - ДУБРОВНИК - КОТОР

 

СО БЕЛО ДУГМЕ, БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ

(29.12.2017 – 01.01.2018)

 

Прв ден: 29.12.2017 година Поаѓање за Будва од Кавадарци во 21.00 часот, од Велес во 22.00 часот и од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

 

Втор ден: 30.12.2017 година Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Попладнето слободно време за иднивидуални прошетка. Вечерта организирана предновогодишна забава пред платото на Стариот град со концерт на легендарната група "Бајага и инструктори". Ноќевање.

Трет ден: 31.12.2017 година. Појадок. По појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде се наоѓаат катедралата Св. Трифун и цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Враќање во Будва. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта Дочек на Новата 2018 година пред платото на Стариот град со концерти на познатата група од Белград “Queen real tribute“ – инспирирана од познатата британска група “Queen“ и групата “БЕЛО ДУГМЕ“ предводени од Горан Бреговиќ а во придружба на Младен Воичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ. Ноќевање.

 

Четврти ден: 01.01.2018 година Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски ѕидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување

65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на дадената релација;

- Сместување во хотел во Будва на база две ноќевања со појадок или

- Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања

- Посета на Св.Стефан

- Полудневен излет до Котор

- Организација и пратител на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Целодневен излет до Дубровник (10 евра)

- Влезници за посети и патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад. За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Атлантик Турс

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)