ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова Година 2018
KAtegorija
Дочек на Нова 2018 Година - Белград
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

- Забава на плоштад на 30.12.2017 со Van Gogh и Жељко Самарџиќ


- Дочек на Нова Година (31.12.2017) во ресторанот на хотел "Srbija" со гала новогодишна вечера на шведска маса, неограничен пијалак и музика во живо

 

ДОЧЕК НА НОВА 201ГОДИНА

БЕЛГРАД

(30.12.2017 – 01.01.2018)

 

(СО ВКЛУЧЕНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА)

 

Прв ден: 30.12.2017 (сабота)

02.00 часот. Заминување на групата од Кавадарци и во 03.30 часот од Скопје (пред туристичките агенции „Атлантик Турс“) кон Белград со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Во претпладневните часови пристигнување во Белград, еден од најстарите европски градови. Сместување во хотел „Srbija“ 3*** (www.hotelsrbija.com). Слободно време за одмор од патувањето. Од 15.00 часот организиран разглед на градот со локален туристички водич: Калемегдан, Капелата Свети Петка на Калемегдан каде биле сместени моштите на Света Петка, најпознатата Кнез-Михајлова улица, Плоштадот на Републиката и Плоштадот Теразије, хотел Москва... Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Белград, уживајќи во предновогодишната атмосфера во градот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

  

Втор ден: 31.12.2017 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Ушќе, најголемиот шопинг центар во Србија и во регионот (www.usceshoppingcenter.com/sr) . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови враќање во хотелот. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година во ресторанот на хотелот со празнична вечера на шведска маса со ладни и топли прејадења, главно јадење, салати, десерти и неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци од домашно производство. Забава со богата музичка програма. Ноќевање.

 

Трет ден: 01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........149 евра (9.240 денари) 

За уплата до 15.12.2017.........139 евра (8.620 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

-Две ноќевања со појадок во хотел Srbija 3*** во Белград

- Разглед на Белград со локален туристички водич

- Дочек на Новата Година во ресторанот на хотелот со вклучена празнична вечера и неограничен пијалок

-Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Туристичка такса...1.3 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)

- Патничко осигурување

- Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)