ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
08. Декември
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЗАГРЕБ и SalajLand
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЗАГРЕБ

(Пронајдете го детето во себе во магијата на SalajLand)

 

(06.12.2019 - 09.12.2019)

 

 

Затворете ги очите... Почувствувајте го мирисот на медењаците и на топлото чоколадо... Слушнете ги сентименталните божиќни песни кои Ве враќаат во детството... И тоа е доволно да се препуштите на уживањето во Божиќниот пазар во Загреб кој во последните три години според on line анкетите е прогласен за најдобар Божиќен пазар во Европа. Под слоганот „Шеќерот доаѓа на крајот...од годината“ Ве водиме одблизу да го почувствувате лесното движење на самовилите и да бидете дел од магијата на имотот на семејството Salaj...

 

 

Прв ден: 06.12.2019 година (петок)

 

Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 21.30 часот и од Скопје  во 23.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 07.12.2019 година (сабота)

 

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич: Стариот дел на градот  со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, Црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак, Парламентот... Потоа  сместување на групата во хотел I“ 3*** (www.hotel-i.hr) (хотелот се наоѓа во непосредна близина на најмодерниот трговски центар „Арена“, каде на едно место можете да најдете производи од најпознатите светски брендови). Во вечерните часови препуштете се на уживањето во единствената празнична атмосфера низ улиците на градот на дванаесет различни локации кои нудат забава за секого - од божиќните штандови на кои ќе најдете уникатни сувенири и украси преку пријатната атмосфера со уличните бендови па се до вареното вино,печените костени и традиционалните помалку заборавени специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 08.12.2019 година (недела)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување на групата (факултативно) кон малото хрватско село Грабовица покрај Чазма, каде на падините на Мословачка Гора на имотот на семејството Salaj на површина од околу 60.000 метри квадратни се организира единствената светлечка манифестација во овој дел од Европа која секоја година ја посетуваат повеќе од 90.000 домашни и странски туристи. Се` започнало пред 18 години кога сопственикот Златко Салај, кој имал сиромашно детство посакал на своето семејство да му приреди вистинска Божиќна идилична атмосфера каква има само во филмовите китејќи го дворот со 7000 светликави ламбички. Освен семејството, од ефектот биле воодушевени и бројните минувачи, па така тој продолжил секоја година со уште поголем елан да го дополнува и разубавува целиот амбиент, за со текот на годините благодарение на големиот труд и ентузијазам неговиот сон за Божиќ од бајките да прерасне во најзначајната туристичка манифестација во континенталниот дел на Хрватска. Годинава посетителите ги очекуваат пет милиони ламбички кои ќе бидат поставени низ целиот имот, како и 1500 божиќни топки поставени на стеблата низ целиот имот украсени на потполно нов начин со таканаречени светлосни ice light. Покрај повеќето атракции меѓу кои е Божиќното село под ѕвездено небо, големите санки наменети за фотографирање, осветлените патеки за шетање, лизгалиште на замрзнатото езеро, ресторан каде можете да испиете топол чај или кафе и да вкусите автентични домашни производи, тука е и приказот на Исусовиот гроб. Откако во магијата на оваа бајка ќе успееме да го пронајдеме детето во себе, се враќаме во хотелот во Загреб. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 09.12.2019 година (понеделник)

 

Појадок. Слободно време за шопинг во трговскиот центар „Арена“. Околу пладне одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.11.2019........ 129 евра(8.000 денари)

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........139 евра (8.620 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 30. Октомври

и целосна доплата до 20. Ноември

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две  ноќевања со појадок во хотел „I“ 3*** во Загреб

- Локален туристички водич  за разглед на Загреб 

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Факултативен излет до Грабовица со вклучена влезница во SalajLand  -15 евра

- Доплата за еднокреветна соба - 25 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса во Загреб (се плаќа во агенцијата) – 1,15 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)