ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
08. Декември
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО КАВАЛА И ДРАМА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО КАВАЛА И ДРАМА

(07.12.2019-09.12.2019)

 

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се обновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки... Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште ...

 

 

Прв ден: 07.12.2019 година (сабота)

 

03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала. Организирано разгледување на еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Посета на стариот дел на Кавала со локален туристички водич, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Потоа сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој веќе започнуваа да живее во претпразнична еуфорија. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 08.12.2019 година (недела)

 

Појадок. Во претпладневните часови заминување на групата (факултативно) кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Тука, во самиот град кој особено оживува за време на Божиќните празници, на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци... Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци...Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во вечерните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 09.12.2019 година (понеделник)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во шопинг центарот COSMOS. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.11.2019........ 99 евра (6.140 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........109 евра (6.760 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 30. Октомври

и целосна доплата до 20. Ноември

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****

(Напомена: Сите соби во хотелот немаат тераси. Агенцијата не може да гарантира сместување во соби со тераси)

- Локален туристички водич  за разглед на Кавала и Драма

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Факултативен излет до Драма  -10 евра

- Доплата за еднокреветна соба - 25 евра (за двете ноќевања)

- Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по соба од вечер

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)