ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Божиќ
KAtegorija
Божиќ во Љубљана
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

БОЖИЌ ВО ЉУБЉАНА

(22.12.2017-25.12.2017)

 

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси...Ако пак сакате да ја доживеете најубавата бајка, посетете го Блед, бисерот на Словенските Алпи облечен во бело...

  

Прв ден: 22.12.2017 година (петок)

18:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 19:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции)

кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 23.12.2017 година (сабота)

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si) . Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер...Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ двете улици кои се наоѓаат веднаш покрај реката Љубљаница каде е распослан Божиќниот Саем со божиќни штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и мноштво миризливи слатки колачи. Ноќевање.

 

Трети ден: 24.12.2017година (недела)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи,вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови обвиени со бел прекривач. Посета на Бледската тврдина, монументален замок од каде се простира раскошен поглед над езерото, идентичен на најубавите бајки. Тоа е момент што треба да се види и доживее. Потоа прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде вечерта со Божиќен концерт пред Општинското Собрание се најавува доаѓањето на Божиќ. Доколку сакате да уживате во одличниот поглед на накитена и осветлена Љубљана, упатете се кон Љубљанскиот град, средновековниот дворец кој се надвиснува над градот. Во текот на зимата целиот дворец е посебно осветлен што најмногу се забележува кога снегот ќе ја забели Љубљана. Ноќевање.

 

Четврти ден: 25.12.2017 година (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнувањево Македонија во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........139 евра 8.620 денари 

** За уплата до 01.11.2017....129 евра (7.990 денари) **

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана

- Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата

- Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Факултативен излет до Блед -10 евра

- Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 евра на вечер

- Влезница во Бледската тврдина

- Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)