ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Јули
Белите ноќи на Балтикот - Трет термин
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ЕДНО СОСЕМА ПОИНАКВО ЛЕТО

 

БЕЛИТЕ НОЌИ НА БАЛТИКОТ

 

ТАЛИН-ХЕЛСИНКИ-РИГА-ЈУРМАЛА

 

Со директен лет од Скопје

 

(22.07.2024-26.07.2024)

 

 

Прв ден: 22.07.2024 (понеделник)-Скопје-Рига-Талин

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 00.30 часот. Полетување за Рига во 02.45 часот, слетување во 06:25 часот по локално време. Летот за Талин е во 07.35 часот, пристигнување во Талин во 08.35 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Metropol“ 3* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен музеј на отворено... Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа најпознатата готичка градба-600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот плоштад се наоѓа црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. Век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на советската влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време сместување на групата во хотелот. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 23.07.2024 (вторник)- Талин-Хелсинки

 

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето, а од таму со брод се упатуваме кон Финската престолнина Хелсинки.  Велат, Финците се најсреќен народ, можеби заради поларната светлина или пак поради кафето по чие конзумирање се први во светот. Околу два и пол часа трае пловидбата низ величествениот Фински Залив; попатно ќе ја видиме и импресивната одбранбена тврдина „Suomenline“ од 18. век под заштита на Унеско која се простира на шест мали острови... Пешачкиот разглед на преубавата ќерка на Балтикот, како што го нарекуваат Хелсинки ќе го реализираме со лиценциран туристички водич: Лутеранската црква Temppeliaukio  позната како Црквата во камен, Руската Православна Црква, Плоштадот на сенатите, Хелсиншката Катедрала која е всушност Евенгелистичко-Лутеранска Катедрала, Националниот и Музејот на модерна уметност, Куќата на операта, паркот кој наликува на Њујоршкиот Централ Парк. Во самиот центар на градот се наоѓа централната библиотека наречена „Ооди“, објект вреден 98 милиони евра наречен „рај со книги“ во кој има над 100 илјади романи кои им се на располагање на читателите. Библиотеката секој ден ја посетуваат 10 илјади луѓе. По организираниот разглед слободно време за индивидуални активности. Во доцните попладневни часови се враќаме назад кон пристаништето и од таму повторно со брод се враќаме во хотелот во Талин. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 24.07.2024 (среда)- Талин-Рига

 

Појадок. Организиран трансфер со автобус до Рига, главниот град на Латвија. Сместување на групата во хотел „Avalon“ 4* во срцето на стариот град ( https://hotelavalon.eu/ ). Краток одмор од патувањето, а потоа организиран пешачки разглед кој го започнуваме со прошетка низ камените улици на оваа престолнина која е под заштита на Унеско. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе не` вратат во стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела Латвија, Споменикот на слободата... По организираниот разглед, слободно време за прошетка низ улиците кои изобилуваат со продавници, барови, ресторани и шарени фасади во јаки бои...Можеби не сте знаеле, но во Рига има повеќе од 800 згради изработени во art nuvo стил кои ќе ги препознаете по изрезбарените врати, богатите цветни декорации и скулптурите на жени. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 25.07.2024 (четврток)- Рига-Јурмала-Скопје

 

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки низ Рига. Во пладневните часови се одјавуваме од хотелот (го оставаме багажот во хотелот) и заминуваме кон железничката станица, а од таму со воз се упатуваме кон Јурмала, најпознатото летувалиште на Балтичкото Море. Градот се простира со целата своја должина покрај морето и ние ќе прошетаме по главната улица Jomas која е долга еден километар и е пешачка зона. Јурмала е позната по куќите изградени од дрво, а многу од овие вили кои се во приватна сопственост имаат необични застаклени веранди и украсни кули градени кон крајот на 19. и почетокот на 20. Век. По организираниот разглед, слободно време за уживање на песочната плажа или за индивидуални прошетки низ ова монденско летувалиште. Не заборавајте за спомен да се фотографирате со симболите на Јурмала: скулптурата во облик на глобус направена во 1970-та година која го претставува токму тој историски период на Летонија или бронзената скулптура на желка која е одлика на долговечност и од својата возвишена положба гледа кон балтичката плажа. Во доцните попладневни часови се враќаме повторно со воз назад во Рига. Слободно време до 21.00 часот за кога имаме организиран трасфер од хотелот до аеродромот во Рига. Летот е во 00.15 часот по локално време, слетување во Скопје во 02.01.часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 12.02.2024........ 689 евра (42.720 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........729 евра (45.200 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Авионски билет Скопје-Рига-Талин со вклучени аеродромски такси

- Авионски билет Рига-Скопје со вклучени аеродромски такси

- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице

- Сите трансфери вклучени во програмата

- 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Талин

- 1 ноќевање со појадок во хотел 4 * во Рига

- Билет за брод на релација Талин-Хелсинки-Талин

- Билет за воз на релација Рига-Јурмала-Рига

- Лиценциран туристички водич за време на целото патување

- Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба – 130 евра

- Туристичка такса- 6 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 200 евра (12.400 денари) најдоцна до 12.февруари. Целосна доплата на аранжманот до 15.06.2024

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)