ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неа Рода
Апартхотел Lazaridis - Nea Roda - Leto 2024 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот.Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsaкоја уштена првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

 

Напомена: Во студијата можат да се сместат најмногу 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

 

 

Локација на објектот

 

-15% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.12.2023

 

 

 

Фотографии од соби и плажи

Плажа - Voulitsa Плажа - Komitsa Градска плажа - Неа Рода Студио бр. 41 (поглед море) - Апартхотел Lazaridis - Неа Рода Студио бр. 42 (поглед море) - Апартхотел Lazaridis - Неа Рода Студио бр. 43 (поглед море) - Апартхотел Lazaridis - Неа Рода Студио бр. 44 (поглед море) - Апартхотел Lazaridis - Неа Рода
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)