ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Кемер
KAtegorija
Alkoclar Exclusive 5* - Kemer
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Елегантно одмаралиште во близина на плажата, на само неколку чекори од центарот на Кемер. Компактна и добро организирана површина со убави базени, ресторани и барови. Модерно и просторно лоби со 24 часа отворен бар, идеално за поминување на часовите во релаксација, настрана од базенот. Идеално за меден месец.

 

 

Сместување:

- Вкупен број на соби 330.

- Стандардни соби (26-31м², макс.2+1 лица)- една спална и едно купатило.

- Фамилијарни суити (51м², макс.4 лица+бебе)-две спални поврзани со врата, едно купатило.

- (градина) Стандардни соби (20-23м², макс.2+1 лица)- една спална, едно купатило.

- Економски соби (20м², макс.2, ниско приземје)

- Големи соби (32-33м², макс.3+1 лица)-една голема соба со француски кревет и две софи, едно купатило.

- Фамилијарни соби (34-39м², макс.4 лица)-две спална поврзани со врата, едно купатило.

 

Сите соби се со купатило со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, Wi-Fi интернет конекција, мини бар (вода, сокови, пиво, млеко, се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, електричен бокал, сеф, тепих на под, бањарка и папучи, сателитска ЛЦД ТВ и балкон.

 

Услуга Ultra All Inclusive -пијалок за добродојде (шампањско и лимонада за деца), 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќна закуска. Сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови за време на појадок, посебен дел во главниот ресторан со диетална и здрава храна, детско мени, сладолед во одредени часови од денот, храна за бебиња, свежо цедени сокови во Витал бар, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот.

Дополнително се наплаќаат: Премиум увозни пијалоци, специјални увозни и домашни вина, сите флаширани пијалоци, Интернационален A’la Carte ресторан (појадок или вечера), услуга во соба.

 

Карактеристики на хотелот:

- Во близина на центарот на Кемер

- Компактна површина

- Соби со поглед на море

- 6 ресторани и 8 барови

- Wi-Fi

 

 

На следниот линк можете да пребарате и споредите цени за сите хотели од чартер програмата за Турција - Лето 2018:

 

 

 

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)