ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. СЕПТЕМВРИ - 2017
KAtegorija
8. Септември во Неа Каликратија
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ТРИДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ГРЦИЈА

(ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД)

СОЛУН-НЕА КАЛИКРАТИЈА

(08.09.2017 – 10.09.2017)

 

 

Програма на патувањето:

Прв ден: 08.09.2017 (петок)

04.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 05.30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции „Атлантик Турс“) кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Околу пладне заминување на групата кон Неа Каликратија, туристичко место оддалечено четириесетина километри од Солун. По пристигнувањето, сместување во хотел „Epavli“ 3*** (www.studio-epavli.com) лоциран на само 30 метри од долгата песочна плажа и од морето. Слободно време за одмор, за индивидуални активности и за уживање на плажа. Хотелот се наоѓа во центарот на градот, веднаш до градскиот парк, а во непосредна близина има изобилство продавници, ресторани и таверни. Ноќевање.

 

Втор ден: 09.09.2017 (сабота)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Трет ден: 10.09.2017 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Петралона (www.petralona-cave.gr) , една од најубавите пештери во Грција која се наоѓа на западната страна на планината Катсика, на десетина километри од Каликратија. Долга е повеќе од 2 километри, украсена со импресивни пештерски сталактити и сталагмити, а откриена е сосема случајно во 1959 година од еден овчар кој во неа нашол човечки череп стар скоро милион години. Веднаш потоа започнале археолошките ископувања , па тука се откриени траги од првиот праисториски човек, траги од запален оган како и алати направени од камен и коски. Во состав на комплексот има и мал музеј во кој се наоѓаат камени фосили на животни кои некогаш живееле на овие простори. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........69 евра

(плаќање исклучиво во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел Epavli“ 3* во Неа Каликратија

- Сите излети вклучени во програмата

- Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Влезница во пештерата Петралона и музејот (8 евра, за деца од 6-12 години 4 евра, до 6 години бесплатно)

- Патничко осигурување

 

Услови за деца: Деца до 5 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус) Деца од 5-10 години (со двајца возрасни) плаќаат 80 % од аранжманот (користат кревет и седиште)

 

Во случај на сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра по лице за возрасни и 5 евра за деца од 6-12 години

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници


Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)