ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
KAtegorija
8. Март во Сараево
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО САРАЕВО

(ВИШЕГРАД-ДРВЕНГРАД)

(08.03.2018 – 11.03.2018)

 

Прв ден08.03.2018 (четврток)

16:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 18:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Босна и Херцеговина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмориДневно и ноќно возење преку Србија  со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 09.03.2018 (петок)

Пристигнување во Вишеград во претпладневните часови. Градот се наоѓа во Република Српска-Босна и Херцеговина и е сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди, а е инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Слободно време за пауза и индивидуални прошетки. Потоа патувањето продолжува кон Сараево. Пристигнување во Сараево во попладневните часови. Сместување во хотел „Saraj“ 3*, лоциран на само 250 метри од Баш Чаршија, во срцето на стариот град (http://www.hotelsaraj.com). Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Гостите во хотелот можат да го користат мини спа центарот (базенот и сауната). Ноќевање.

 

Трети ден: 10.03.2018 (сабота)

Појадок. Заминување на групата  кон  организиран разглед на Сараево со локален туристички водич. Посета на: Парламентот, Националната Библиотека, улиците Сарачи,  Казанџилук и Браваџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, Башчаршиската Џамија, Инат куќа, Саат Кула, Караван Сарај, Латинската Ќуприја-местото на атентатот на  Франц Фердинант, Соборната Православна Црква, Катедралата ...Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Вечерта организирана вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Четврти ден: 11.03.2018 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Србија. Околу пладне пристигнување во Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено  од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“.  Селото има галерија на слики, библиотека, кино, слаткарница со домашни колачи и природни сокови. Слободно време за индивидуално разгледување на селото и за одмор. Потоа заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Србија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија на 12.03.2018 (понеделник) во раните утрински часови.

 

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018........ 119 евра (7.380 денари)   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (7.990 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. февруари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел  „Saraj“3 *** во Сараево

- Локален туристички водич во Сараево

- Организирана посета на Вишеград и етно селото Дрвенград

- Двочасовно користење на мини спа центарот во хотелот (базен и сауна)

- Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот – 15 евра

- Доплата за еднокреветна соба – 30 евра

- Туристичка такса– 1,25 евра по лице од ноќ (се плаќа на рецепција во хотелот)

- Патничко  осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)