ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
KAtegorija
8. Март во Нови Сад
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО НОВИ САД

(СО ПОСЕТА НА СОМБОР)

(08.03.2018 – 11.03.2018)

 

Прв ден:08.03.2018 (четврток)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.00 часот и од Скопје  во 23.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Војводина со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 09.03.2018 (петок)

Пристигнување во Нови Сад  во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на  Нови  Сад.  Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк...Сместување на групата во хотел Planeta Inn4**** (http://planetainn.com/) кој се наоѓа на извонредна локација во непосредна близина на строгиот центар на градот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање. 

 

Трет ден: 10.03.2018 (сабота)

Појадок. Заминување со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, градот на фијакерите, зеленилото и архитектурата (факултативно). Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата Католичка Црква, Црквата Свети Ѓорѓе, Кармелиќанската црква. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа организирана посета на традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com). Ручек и осмомартовска забава со тамбурашка музика во живо. Во вечерните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање.

 

Четврти ден: 11.03.2018 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон шопинг аутлет центарот Fashion Park во Инџија (http://fashionparkoutlet.rs)  . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018........ 109 евра (6.760 денари)   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. февруари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок  во хотел Planeta Inn 4**** во Нови Сад

- Локален туристички водич во Нови Сад и Сомбор

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Сомбор и ручек  со музика (тамбураши) во салаш „Наш салаш“ во Сомбор - 25 евра

- Туристичка такса  – 1 евро на вечер

- Доплата за еднокреветна соба – 25 евра

- Патничко осигурување

  

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)