ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
KAtegorija
8. Март во Љубљана
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО ЉУБЉАНА

(БЛЕД-БОХИЊ-ПОСТОИНСКА ЈАМА)

(08.03.2018-11.03.2018)

 

Прв ден08.03.2018 (четврток)

17:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 19:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции)

за Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден09.03.2018 (петок)

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si) . Краток одмор од патувањето.  Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот,Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер...Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки. Враќање во хотелот.Ноќевање.

 

Трет ден10.03.2018 (сабота)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи,вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Посета на Бледската тврдина од каде се простира  раскошен  поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во  кафе и  познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното„Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи . Во попладневните часови заминување  кон најголемото природно езеро во Словенија - Бохињското Езеро скриено во долината на Алпите. Слободно време. Враќање во хотелот во Љубљана. Ноќевање.

 

Четврти ден11.03.2018 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа.  Во пладневните часови  заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во понеделник на 12.03.2018 година.

 

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018.......139 евра (8.620 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........149 евра (9.240 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. февруари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана

- Локален туристички водич  за сите излети  вклучени во програмата 

- Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Факултативен излет до Блед со локален водич-15 евра

- Влезница во Постоинска Јама-25 еврa (вклучена влезница и локален водич)

- Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,27 евра на вечер

- Доплата за еднокреветна соба –  50  евра

- Можност за пловидба со чамец по Бледското  Езеро и влезница во црквата  „Света Марија“ на Блед

- Патничко осигурување

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)