ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
KAtegorija
8. Март во Италија - Тоскана
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ- ТОСКАНА

( БОЛОЊА-МОНТЕКАТИНИ-ПИЗА-ЛУКА-САН ЏИМИЊАНО-СИЕНА- ФИРЕНЦА)

(07.03.2018 – 12.03.2018)

 

Многумина ја сметаат Тоскана за најубавата област на Апенинскиот Полуостров, лулка на ренесансата, родното место на најславните уметници...Тоскана е особено атрактивна заради градовите со исклучителна архитектура: Фиренца, Сиена, Сан Џимињано, Пиза и Лука кои се прогласени како дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО...

 

Прв ден: 07.03.2018 (среда)

11:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 13:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија  со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 08.03.2018 (четврток)

Пристигнување во Италија во претпладневните часови. Обиколката ја започнуваме со Болоња, најстариот средновековен универзитетски град со ренесансни палати и наткривени аркади. Центарот на градот го сочинуваат два сосема идентични плоштади- Маџоре и Нептуно. Разгледување со локален туристички водич Споменикот Нептун, Базиликата Сан Петронио, Палатите Банки, Нотаи и Акурсио... Слободно време за индивидуални прошетки.  Потоа патувањето продолжува кон Монтекатини, мал италијански град сместен во округот Пистоја, во состав на Италијанската покраина Тоскана. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел 3 ***. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

Трети  ден: 09.03.2018 (петок)

Појадок. Организиран разглед на Монтекатини Терме, најпопуларната дестинација во Италија за бањски туризам  која секоја година ја посетуваат околу милион туристи. Градот во кој живеат повеќе од 20.000 луѓе се наоѓа во долината на реката Арно и е познат по своите природни минерални извори кои се откриени уште за време на Римјаните. Потоа го започнуваме патувањето низ Тоскана со посета на градовите Пиза и Лука (факултативно). Пиза е некогашна моќна поморска сила чија флота скоро 150 години ( се до крајот на 13. век) била најјака на Средоземното Море. Обиколка на трите бисери на тосканската архитектура на Плоштадот на чудесата: Крстилницата, Катедралата и Кривата Кула каде Галилео Галилеј, инаку роден во Пиза  ги изведувал своите експерименти. Потоа продолжуваме кон Лука, богат трговски град, еден од најубавите во Тоскана  карактеристичен по тесните улички и средновековните градби. Градот е целосно заобиколен со 4 километри долги, добро сочувани ѕидини. Обиколка на историскиот центар на градот: Дуждевата Палата, Катедралата Св.Мартин, Плоштадот, Амфитеатарот, Пучиниевата куќа. Тука се наоѓа и родната куќа на познатиот композитор Џакомо Пучини. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.

 

Четврти ден: 10.03.2018 (сабота)

Појадок. Заминување на факултативна посета на градовите Сан Џимињано и Сиена. Пристигнуваме најпрво во средновековниот „Град на Кулите“ кој е под заштита на УНЕСКО. Обиколка на центарот на Сан Џимињано со централниот градски плоштад Дуомо, црквата Колеџата во која работел учителот на Микеланџело Гирландајо...Слободно време за индивидуални прошетки, а потоа продолжуваме кон преубавиот град Сиена сместен во типичен тоскански предел опкружен со винова лоза. Прошетка низ градот и посета на Градската куќа, Катедралата, Централниот Плоштад каде се одржуваат костимираните трки со коњи, првата болница во Европа, Црквата Св.Доменика во која се наоѓаат главата и палецот на Св. Катерина, заштитничката на Италија...Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Доцна попладне враќање во Монтекатини. Ноќевање.

  

Петти ден: 11.03.2018 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Фиренца со автобус, а потоа следува  кратко патување со воз. Пристигнуваме во престолнината на Италија, најбогатата уметничка ризница во која живееле и работеле Леонардо, Микеланџело, Донатело, Макијавели, Данте, Бокачо...Разгледување на еден од најсликовитите градови во Италија од времето на ренесансата: Плоштадот Сињориа, Катедралата Santa Marija del Fiore со автентичната купола,  Палатата и мостот Векио-покриениот мост од 14-от век, Црквата Santa Kroce во која се наоѓаат гробниците на Микеланџело, Макијавели и Галилеј,  Крстилницата Сан Ѓовани... Слободно време за индивидуални прошетки низ преубавата Фиренца. Во доцните попладневни часови заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори.  Пристигнување во Македонија на 12.03.2018 (понеделник) во доцните попладневни  часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018........ 189 евра (11.720 денари) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........199 евра (12.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. февруари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотел  3 *** во Монтекатини

- Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Пиза и Лука  – 25 евра

- Посета на Сан Џимињано и Сиена – 45 евра

- Превоз од Монтекатини  до Фиренца (автобус и воз) и организиран разглед – 10 евра

- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот во Монтекатини)

- Доплата за еднокреветна соба – 40 евра

- Патничко  осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници

 

Информации, резервации и уплата:

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)