ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
KAtegorija
8. Март во Белград
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО БЕЛГРАД

(СО ПОСЕТА НА НОВИ САД)

(02.03.2018 – 04.03.2018)

 

СО ВКЛУЧЕНА ОСМОМАРТОВСКА ВЕЧЕРА !!!

 

Прв ден:02.03.2018 (петок)

00.30 часот. Заминување на групата  од Кавадарци и во 02.30 часот од Скопје (пред туристичките агенции  „Атлантик Турс“)  кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановци. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Белград, еден од најстарите европски градови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Дедиње, Храмот Свети Сава, Калемегдан, Плоштадот на Републиката и Плоштадот Теразије, најпознатата Кнез-Михајлова улица... Потоа сместување во хотел „Srbija“ 3*** (www.hotelsrbija.com). Слободно време за одмор од патувањето, а во вечерните часови  индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 

Втор ден: 03.03.2018 (сабота)

Пристигнување во Нови Сад  во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на  Нови  Сад.  Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната Црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк...Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во Белград. Вечерта организирана осмомартовска прослава во ресторанот на хотелот со вечера, вклучен пијалок за добредојде и музика во живо. Ноќевање.

 

Трет ден: 04.03.2018 (недела)

Појадок. Заминување на групата  кон Ушќе, најголемиот шопинг центар во Србија и во регионот (www.usceshoppingcenter.com/sr) . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

                                                                     

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018........ 89 евра (5.520 денари)      

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........99 евра (6.140 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. февруари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок  во хотел Srbija3***

- Свечена осмомартовска  вечера со музика во ресторанот на хотелот

- Разглед на Белград со локален туристички водич

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

      -    Посета на Нови Сад - 15 евра

      -    Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 евра на вечер

-          Доплата за еднокреветна соба – 20 евра

      -    Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)