ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
24. МАЈ
KAtegorija
24.МАЈ НА МРАМОРНО МОРЕ
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 24.МАЈ НА МРАМОРНО МОРЕ

Бонус посета на Истанбул!

 (23.05.2018 – 27.05.2018)

 

Прв ден: 23.05.2018 год. (среда)

17:00 часот заминување на групата од Скопје и во 19:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Истанбул. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 24.05.2018 год. (четврток)

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Прошетка и разгледување на античкиот и средновековниот Истанбул со локален туристички водич. Организирана посета на Музејот „Аја Софија” (факултативно) и на Султанскиот дворец Топ Капи (факултативно). Потоа заминување кон  Кумбургаз, предградие на Истанбул. Сместување во хотел Artemis Marin Princess5* (www.artemismarinprincess.com)на брегот на Мраморното Море во двокреветни соби. Слободно време за користење на содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен, два отворени базени, сопствена плажа, сауна, џакузи, фитнес центар, билијард... Ноќевање.

 

Трети ден: 25.05.2018 год. (петок)

Појадок. Слободно време за уживање во содржините на хотелот – користење на внатрешниот базен, а доколку дозволат временските услови, можете да се релаксирате и во надворешниот базен и на приватната плажа на хотелот покрај брегот на Мраморно Море.

 

Четврти ден: 26.05.2018 год. (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Истанбул. Организирана посета на дворецот Долма Бахче Сарај (факултативно). Kрстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите палатите изградени од двете страни на Босфорот. Околу пладне заминување кон шопинг центарот MOL FORUM. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во доцните попладневни часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија на 27.05.2018 (недела) околу пладне.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел „Artemis Marin Princess“ 5* во Кумбургаз, Истанбул

- Користење на внатрешниот и надворешните базени во хотелот

- Бонус посета  на Истанбул со локален туристички водич

- Организација на аранжманот и туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Посета на Музејот „Св. Софија“ – 15 евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Посета на султанскиот дворец Топ Капи – 15 евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Посета на Долма Бахче Сарај – 25  евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Крстарење со брод по Босфор – 15 евра

- Патничко осигурување

  

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)