ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
24. Мај
24. Мај во Бајина Башта на планината Тара
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

24. Мај во Бајина Башта на планината Тара

 

(21.05.2021 – 24.05.2021)

 

 

Кога Дрина од Бајина Башта ќе биде пренасочена на две места и кога ќе потече покрај Тара, а во ист ден ќе се поклопат Велики Петок и Ѓурѓовден-во тоа време само некој луд би можел да замисли дека реката оди нагоре кон ридот, а тоа ќе се случи“... Ова Креманско претскажување на познатото семејство Тарабичи од селото Кремна се исполнило на 06. Мај 1983 година. Во ист ден било и Ѓурѓовден и Велики петок, појава што се случува еднаш на 500 години...

 

 

 21.05.2021 (петок)

 

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

 

Прв ден: 22.05.2021 (сабота)

 

 

Пристигнување на планината Тара во утринските часови. Краток одмор од патувањето со утринско кафе во хотелот Оморика на познатиот туристички центар Калуѓерски Бари. Потоа со локален туристички водич го започнуваме разгледот на еден од петте национални паркови во Србија. Преубави видиковци, планински езера, недопрена природа... тоа е само дел од она што не`очекува за време на претстојното патување. Почнуваме од езерото Заовина каде во 1875 година ботаничарот Јосиф Панчиќ ја открил омориката-најубавиот европски четинар... Од таму се спуштаме преку висорамнината Митровица до природниот резерват „Црвени поток“ кој го добил името по тоа што низ него тече поток кој во горниот дел се разлива преку почва составена од црвена земја, па за време на појаки врнежи потокот добива црвена боја. Точно на средината од резерватот се наоѓа локалитетот Тепих ливада наречен токму така заради меката подлога создадена од многуте растресити слоеви земја. Од таму заминуваме кон Бајина Башта, градот потонат во зеленило во питомата долина на реката Дрина. Сместување на групата во хотел „Zepter Hotel Drina” 4**** (https://zepterhotels.com/hotels/hotel-drina-bajina-basta/). Хотелот се наоѓа во центарот на Бајина Башта на самата пешачка зона. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 23.05.2021 (недела)

 

 

Појадок. Пред нас е уште еден возбудлив ден - со локален туристички водич заминуваме на целодневен излет да запознаеме нови убавини на оваа планинска убавица. Најпрво го посетуваме манастирот Рача, задужбина на српскиот крал Драгутин Немањиќ од XIII век, седиште на рачанската препишувачка школа и на српската средновековна духовност. За време на Втората Светска Војна тука е чувана најдрагоцената и најстара сочувана книга на српската книжевност- Мирославовото Евангелие од XII век. Од таму се упатуваме кон најавтентичниот симбол на реката Дрина-дрвената куќичка која во далечната 1968 година на карпа во средината на реката ја изградиле неколку пријатели. Реката до сега седум пати се обидувала да ја земе, но таа е сеуште на истото место. Патувањето го продолжуваме кон вештачкото езерото Перучац формирано со преградување на текот на реката Дрина за потребите на хидроелектраната Бајина Башта. Со изградбата на втората електрана Перучац 2, Дрина потекла покрај Тара, со што се исполнило Креманското претскажување. Посета на реката Врело или меѓу народот позната како река Година бидејќи е долга 365 метри и е официјално најкратка река во Европа. Се качуваме на бродот Grizzly 1и ја започнуваме пловидбата по езерото Перучац. За време на пловидбата ќе имаме можност да уживаме во предел кој го красат зелената боја на водата и на шумата, па имате впечаток дека водата и небото се спојуваат. Организиран ручек на бродот. Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 24.05.2021 (понеделник)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и организирано заминување кон Златибор каде ќе уживаме во најновата туристичка атракција-ќе се возиме на најдолгата панорамска гондола на светот-Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. Гондолата официјално започна со работа во јануари годинава и за време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Потоа следи организиран разглед на Златибор со локален туристички водич. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Попатна посета на познатото туристичко место Врњачка Бања и слободно време за индивидални прошетки и ручек. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........149 евра (9.240 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел Zepter Hotel Drina” 4**** во Бајина Башта

- Влезница за природниот резерват Црвени Поток на планината Тара
- Организиран разглед на манастирот Рача

- Пловидба по езерото Перучац со организиран ручек на бродот

- Билет за гондолата во Златибор

- Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата

- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба - 26 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса...1.15 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција)

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 

 

Последен рок за пријавување: 14.05.2021 година

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)