ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
23. ОКТОМВРИ - 2017
KAtegorija
23. Октомври во Нови Сад
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

23. ОКТОМВРИ ВО НОВИ САД

(СОМБОР - БЕЛГРАД)

(20.10.2017 – 23.10.2017)

 

Прв ден20.10.2017 (петок)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.30 часот и од Скопје во 23.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Војводина со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 21.10.2017 (сабота)

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на Нови Сад. Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк...Сместување на групата во хотел Planeta Inn4**** (http://planetainn.com/) кој се наоѓа на извонредна локација во непосредна близина на строгиот центар на градот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 22.10.2017 (недела)

Појадок. Заминување со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, градот на фијакерите, зеленилото и архитектурата (факултативно). Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата католичка црква, Црквата Свети Ѓорѓе, Кармелиќанската црква. Посета на Жупаниската зграда во која се чува најголемата слика во Србија и Војводина со димензии 7x4 метри-масло на платно „Битката на Сента“ изработена 1896 година од Ferenc Ajzenhut. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа организирана посета на традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com) и ручек со тамбурашка музика во живо (факултативно). Во попладневните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање.

 

Четврти ден: 23.10.2017 (понеделник)

Појадок. Заминување на групата кон Белград со посета на Ушќе, најголемиот шопинг центар во Србија (www.usceshoppingcenter.com/sr) . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 31.07.2017........ 99 евра (6.140 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........109 евра (6.750 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јули

и целосна доплата до 15. септември

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел Planeta Inn 4**** во Нови Сад

- Локален туристички водичво Нови Сад и Сомбор

 -Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Сомбор - 10 евра

- Влез во Жупаниската зграда во Сомбор – 150 динари

- Ручек со музика(тамбураши) во салаш „Наш салаш“ во Сомбор – 15 евра

- Туристичка такса и хотелско осигурување – 1 евро од ден

- Доплата за еднокреветна соба – 25 евра

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)