ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
11. ОКТОМВРИ - 2017
KAtegorija
11. Октомври во Романија
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ И ДВОРЦИ ВО РОМАНИЈА

ТЕМИШВАР-СИБИУ-СИГИШОАРА-БРАШОВ-БУКУРЕШТ

(10.10.2017-15.10.2017)

 

Екскурзија по повод 11. Октомври: Доживејте ги убавините на Романија!

 

Што знаете за оваа земја освен дека во неа се наоѓаат Карпатите и феноменот за грофот Дракула? Никаде во светот на толку мал простор не можете да видите толку многу сочувани средновековни градови и цркви стари и по 800 години...Тргнете на ова патување без предрасуди кон оваа таинствена земја...ќе се вратите со изобилство спомени и фотографии од идилични пејзажи, шармантна архитектура и богата историја...

 

 Прв ден: 10.10.2017 (вторник)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.00 часот и од Скопје во 23.00 часот (пред туристичките агенциикон Романија. Се патува преку Србија и Војводина со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 11.10.2017 (среда)

Околу пладне пристигнување во Темишвар, градот кој го нарекуваат „Мала Виена“, токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Потоа сместување на групата во хотел „Sterlitia“ 3* (www.hotelstrelitia.ro). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

 

Трет ден: 12.10.2017 (четврток)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Сибиу, градот кој го носи епитетот „Музеј на отворено“ заради тесните улички и збиените куќи со шарени фасади карактеристични за Трансилванија. Туристите го запознаваат дури во 2007 година кога е прогласен за Европска престолнина на културата. Биле изненадени кога откриле дека зад импозантните одбрамбени зидини се крие историско богатство. Разгледување на трите плоштади: Плоштадот Huet, малиот и големиот плоштад со кулата на светот, музејот Brukental, Римокатоличката Црква, Луксембуршката куќа, Евангелиската Катедрала, Германското училиште...Слободно време за индивидуални прошетки. Околу 14 часот патувањето продолжува кон Сигишоара, еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Благодарение на донацијата на принцот Чарлс чија цел била секој дел од градот да остане таков каков што бил со векови, градот денес е најдобро сочувана саксонска архитектонска целина во Европа. Во Сигишоара доминираат две цркви: Доминиканскиот Манастир и Црквата на ридот, а стариот дел на градот од 1999-та година е под заштита на УНЕСКО. Тука во 1431-та година е роден контроверзниот владетел Влад Цепеш, познат како гроф Дракула. Неговата родна куќа денес е претворена во ресторан (www.casavladdracul.ro) – тука можете да го испиете кафето пред неговиот познат „Портрет со турбан“ што е единственото сликарско дело кое го претставува владетелот или да говкусите специјалитетот „Принцот Дракула“ со традиционален трансилвански пијалок. Во попладневните часови сместување во хотелите „ Korona3* (www.hotelkorona.ro) и во „Bulevard 3* (hotelbulevardsighisoara.ro). Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Четврти ден: 13.10.2017 (петок)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Замокот „Бран“, препознатлив уште и како „Замокот на Дракула“, највпечатливата средновековна тврдина завиена во мистерија изградена во периодот меѓу 1377 и 1382 година на врвот на карпа висока 60 метри. Тука бил заробен Влашкиот владетел Влад Цепешпознат како Дракула. По разгледувањето, слободно време за прошетка низ колоритниот пазар на сувенири, а потоа заминување на групата кон живописното средновековно гратче Брашов, едно од омилените туристички дестинации во Романија. Обиколка на централниот плоштад со зградата на старото кметство, Црната Црква-најголемата готска катедрала во Источна Европа и слободно време за индивидуални прошетки и уживање во убавините на плоштадот каде се испреплетуваат готски, ренесансни и барокни елементи. Во вечерните часови заминување кон малото гратче Буштени. Сместување во хотел „Silva3* (www.hotelsilva.ro).Ноќевање.

 

Петти ден: 14.10.2017 (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон кралскиот дворец Пелеш, поранешната летна резиденција на Романското кралско семејство. Разгледување на најубавиот дворец во Европа, а потоа слободно време за прошетка низ градините кои изобилуваат со впечатливи камени фигури. Патувањето продолжува кон Синаискиот Манастир во непосредна близина на монденското одмаралиште Синаиа каде е предвидено слободно време за обиколка. Околу пладне продолжуваме кон Букурешт, Романската престолнина на контрастите, еден од најголемите градови во Централна и Источна Европа. Панорамна обиколка на градот- Триумфалната капија, Храмот на музиката - Филхармонијата „Атенум“, Народниот театар, Парламентот- втората по големина административна зграда после Пентагон. Сместување во хотел „Rin Central“ 4* (www.rinhotels.ro). Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.

 

Шести ден: 15.10.2017 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Романската Патријаршија изградена во XVII век. Камбанаријата на влезот е изградена во 1698 година, а е обновена во 1958 година. Во комплексот на Патријаршијата е Црквата изградена од владетелот на Влашката покраина Константин Сербан Басараб која од 1668-та година е центар на Православните Цркви во Романија. Внатрешноста на црквата е во византиски стил со преубав иконостас и со фрески насликани меѓу XVII и XIX век. Околу пладне слободно време за ручек во шопинг центар во Букурешт, а потоа заминување кон Македонија. Патувањето продолжува преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

Промотивна цена за уплата до 31.07.2017........ 189 евра (11.680 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........199 евра (12.300 денари)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 31. јули и целосна доплата до 15. септември

 

Напомена: Со Вашата резервација добивате број на седиште во автобусот !

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Лиценциран туристички водич за време на целото патување

- Едно ноќевање со појадок во хотел „Sterlitia“ 3* во Темишвар

- Едно ноќевање со појадок во хотелите Korona3* и „Bulevard 3* во Сигишуара

- Едно ноќевање со појадок во хотел Silva“ 3* во Буштени (Синаиа)

- Едно ноќевање со појадок во хотел „Rin Central“ 4* во Букурешт

- Сите излети вклучени во програмата

- Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Влезници во Замокот Бран , Дворецот Пелеш и Синаискиот Манастир - 25 евра (вклучен водич)

- Доплата за еднокреветна соба - 70 евра

- Туристичка такса

- Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

 

 

Информации, резервации и уплата:

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)