ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
11. Октомври
11. Октомври во Фетије
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

  

ДИДИМ-МИЛЕТ-ФЕТИЈЕ-КАЈАКОЈ-ОЛУДЕНИЗ-САРИМСАКЛИ

 

(08.10.2019 – 15.10.2019)

 

Не, тоа не се Хаваите или некоја слична дестинација на која би се сетиле кога ќе ја видите нереално тиркизната боја на морето...Ве водиме во градот со многу сонце и неверојатно богатство на споменици на културата...На официјално најубавата плажа на Медитеранот-Олудениз или Плавата Лагуна...Историски локалитети од времето на Ликијското кралство, село на духови, легенди, раскошна убавина распослана на Средоземното Море...Ве водиме во градот во кој богот Аполон се заљубил во ќерката на кралот Агенор, а во чест на нивниот син Телмесус подоцна така и го нарекол...Ве водиме во Фетије!

 

 

Прв ден: 08.10.2019 (вторник)

 

15.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 17.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции)  кон Турција . Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

 

Втор ден: 09.10.2019 (среда)

 

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен  во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим. Во попладневните часови пристигнување во Дидим. Сместување во хотел 3*. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 10.10.2019 (четврток)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон-еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век пред нашата ера кој важи за трет по големина во светот (после храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од Седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета - близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со  светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“ со што значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. По организираниот разглед на овој антички град, го продолжуваме патувањето кон една од најпознатите туристички дестинации во Турција-градот Фетије, туристички бисер на Анадолскиот Полуостров.  Пристигнување во доцните попладневни часови. Сместување во хотел „Pelin “3*** (http://www.hotelpelin.com.tr/index-en.html) . Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 11.10.2019 (петок)

 

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран разглед на градот на Сонцето кој има богата историја која се поврзува со древното Ликијско кралство во кое жителите имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Се упатуваме најпрво кон некогашното грчко село Кајакој, кое денес важи за село на духовите. Имено, кога во

1922 година дошло до размена на жителите меѓу Грција и Турција, Грците кои со векови живееле во денешна Турција засекогаш си заминале во Грција, а Турците кои 500 години живееле во Грција се вратиле во Турција. Сепак, околу 400 камени куќи во ова село засекогаш останале ненаселени, па селото на духови денес е туристичка атракција. Тука ќе имаме можност да ги разгледаме интересните коцкасти камени куќи кои се градени на одредена оддалеченост една од друга за да не си прават самите сенка. Поголем дел од објектите, како и две грчки цркви денеска се под заштита на Турската Влада. Потоа продолжуваме кон националниот парк Плава Лагуна. Всушност, тоа е официјално најубавата и една од најфотографираните плажи на Медитеранот-Олудениз или како уште го нарекуваат Мртвото Море. Слободно време за уживање во убавините на плажата која е опкружена со четинарска шума  која  придонесува за создавање на извонредни климатски услови. Олудениз е  речиси три километри долг полуостров со кристално чисто тиркизно море и блескаво бели песочни плажи. Слободно време за кафе во некој од многубројните ресторани.  Во попладневните часови се враќаме во центарот на Фетије, покрај прекрасното крајбрежје кое го красат мноштво палми и ресторани. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 12.10.2019 (сабота)

 

Појадок. По појадокот заминување на групата на крстарење со брод по заливите на Фетије. Искусните морепловци ќе ни приредат  прекрасен ден за уживање - бродот застанува на неколку места за пливање и за фотографирање на најубавата турска регија. На бродот имаме и организиран ручек. Во попладневните часови враќање во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 13.10.2019 (недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море, препознатлив по неповторливиот залез на сонцето. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови - по препорака на Светската здравствена организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само  0,5 % влажност на воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените  воздушни бањи. Сместување во хотел „Cinar“ 4**** ( http://www.ayvalikcinarhotel.com/sayfa/1/cinar-hotel-hakkimizda) Вечера. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 14.10.2019 (понеделник)

 

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и  плажа (доколку дозволат временските услови). Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утринските  часови во вторник, на 15. Октомври.

 

 

Промотивна цена за уплата до 06.09.2019.... 259 евра (16.050 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 269 евра (16.670 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 06. септември

и целосна доплата до 16. септември

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Пет полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотели  во Дидим, Фетије и Ајвалик (Саримсакли)

- Сите излети до Дидим, Милет и Фетије со локален туристички водич со вклучени  влезници во античките градови и националниот парк Олудениз

- Крстарење со брод со вклучен ручек на бродот

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Патничко осигурување

- Доплата за еднокреветна соба - 75 евра

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)