ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
11. Октомври
11. Октомври - Метковиќ - Долината Неретва - Требиње
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

МЕТКОВИЌ - ДОЛИНАТА НЕРЕТВА - ТРЕБИЊЕ

 

(11.10.2019 – 13.10.2019)

 

 

Ново доживување во златната долина на реката Неретва богата со непрегледните полиња со мандарини, лимони и портокали, на самата граница меѓу некогашните два света-Венеција и Отоманското Царство... Ве водиме на берба на мандарини пропратена со далматинска песна и на возбудлива сафари авантура со автентични чамци по каналите на зелената река... За крај на ова патување ќе прошетаме низ Требиње, местото за кое познатиот поет Момо Капор напишал: Требиње не е ни село ни метропола. Тоа е метафора, сон!

 

 

 

Прв ден: 10.10.2019 (четврток)

 

18.00 часот. Заминување на групата од Кавадарци и во 20.00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Хрватска. Ноќно возење преку Косово, Албанија и Црна Гора со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 11.10.2019 (петок)

 

Во претпладневните часови пристигнување во градот Метковиќ во Хрватска оддалечен само дваесетина километри од Јадранското Море, сместен во долината позната по златно жолтите плодови, на самата граница со Босна и Херцеговина. Сместување на групата во хотел „Narona“ 3***. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови прошетка низ улиците во градот низ кои за последен пат прошетал австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд пред да замине кон Сараево каде врз него и неговата сопруга е извршен атентат од страна на Гаврило Принцип. Потоа организирана посета на Археолошкиот Музеј „Narona“, импресивен објект изграден на локалитетот Плечашова штала во местото Вид, на остатоците од форумот на античкиот град Нарона. Археолошките истражувања на ова место резултирале со пронаоѓање на остатоци од римскиот храм Аугустенум и 17 мермерни статуи. Откриен е храм со предворје, трибини како и кипови кои по реставрацијата се презентирани во овој археолошки музеј. Најдоминантна е статуата на првиот римски цар Октавијан Аугуст кој е претставен како император. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 12.10.2019 (сабота)

 

Појадок. Организирано заминување кон плантажите со мандарини во долината на реката Неретва (факултативно). Следува добредојде со суви смокви и домашна лозова ракија, а потоа одиме на берба на мандарини. За време на бербата, секој турист може да понесе со себе до 3 килограми мандарини во специјални вреќички кои ги обезбедува хотелот. По завршување на бербата, се качуваме во автентични чамци стари повеќе од 100 години и ја започнуваме фото сафари авантурата низ каналите на реката Неретва, притоа разгледувајќи ја богатата флора и фауна. Тоа е пловидба која ќе не однесе низ невообичаено смирувачки предели и недопрена природа која барем за момент ќе ни обезбеди душевен мир. Потоа се враќаме во ресторанот на хотелот Неретва каде имаме организиран ручек со музика во живо. Во попладневните часови враќање во хотелот во Метковиќ. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 13.10.2019 (недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Босна и Херцеговина во Требиње, градот на сонцето, виното, каменот и градот на јаворите. Оние кои тврдат дека тоа е градот во кој едноставно мора да се заљубите прикажуваат дека нема ништо поубаво од  тоа да го испиете кафето под стогодишните јаворови сенки. Разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Слободата, корзото, стариот град, Православната Католичка Катедрала посветена на раѓањето на Дева Марија... Потоа ќе прошетаме до мостот Арсланагиќ кој го изградил Мехмед Паша Соколовиќ. Мостот е долг 80 метри и во тоа време ја поврзувал централна Босна со денешниот Херцег Нови, а преку него се одвивала целата трговија. Она што е посебно интересно е приказната за Арслан ага кој добил задача да наплаќа мостарина и направил куќа веднаш покрај мостот. Кон крајот на Втората Светска Војна мостот бил миниран, во 1965 година по втор пат бил оштетен за време на изградбата на хидроцентралата, па мостот бил камен по камен одѕидуван за повторно да биде соѕидан во 1970 година само неколку километри подалеку од неговата првична локација. Прошетката низ Требиње ја завршуваме со посета на манастирот „Херцеговачка Грачаница“ која се наоѓа на местото Црквина од каде има преубав поглед на целиот град. Манастирот е изграден за да се исполни желбата на познатиот српски поет Јован Душиќ кој сакал да почива на еден од ридовите кои го опкружуваат Требиње. Целиот комплекс е завршен во 2000 година и на празникот Благовец, 47 години по смртта на поетот неговите останки се пренесени да почиваат во овој манастир. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утринските  часови во понеделник, на 14. Октомври.

 

 

Промотивна цена за уплата до 06.09.2019....119 евра (7.380 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (8.000 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 06. септември

и целосна доплата до 16. септември

 

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел „Narona“ 3***  во Метковиќ

- Разглед на Метковиќ и Требиње со локален туристички водич

- Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

- Туристичка такса

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Берба на мандарини (можете со себе да понесете 3 килограми мандарини), фото сафари возење по каналите на реката Неретва и ручек со музика во живо - 30 евра

- Влезница во археолошкиот музеј  Narona со вклучен локален водич– 5 евра

- Доплата за еднокреветна соба – 15 евра од ден

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)